Фудбалерите на Црвена звезда го совладаа Партизан во 166-то вечно дерби со резултат 2:0.
Легендарниот голгетер на црвено-белите Дарко Панчев ексклузивно за српски курир ги сподели своите впечатоци по натпреварот.
“По долго време гледавме навистина добро дерби. Ова особено се однесува на Ѕвезда, која целосно доминираше во првото полувреме. Партизан се обиде да се врати во вториот дел, но Ѕвезда успешно го приведе мечот до крај. Ова е добро за првенството. Нè очекува исклучително интересна трка за шампионската титула“, изјави Панчев.