ЕУРО 2020: Кој е на врвот, а кој на дното по заработка на дресови од репрезентациите – Каде е Македонија?

И на ова Европско првенство во фудбал ќе се води нова битка помеѓу два гиганти и ривали во производството на спортска опрема: Најк и Адидас.

Од 24 учесници на ЕУРО 2020, Најк и Адидас се технички спонзори на дури 17. Најк прави дресови за девет репрезентации, а Адидас за осум.

Македонија пак има договор со германската компанија „Јако“ и според објавените информации, таа плаќа 500.000 евра годишно, за да биде технички спонзор. Со ова Македонија е на последното место на објавената листа, во поглед на заработката.

Листата е следна:

1. Германија (Адидас) – 65.000.000 евра годишно
2. Франција (Најк) – 50.000.000
3. Англија (Најк) – 40.000.000
4. Италија (Пума) – 30.000.000
5. Шпанија (Адидас) – 18.500.000
6. Русија (Адидас) – 13 000 000
7. Холандија (Најк) – 11.000.000
8. Португалија (Најк) – 7.500.000
9. Турција (Најк) – 3.850.000
10. Белгија (Адидас) – 3.000.000
11. Полска (Најк) – 3.000.000
12. Шкотска (Адидас) – 2.900.000
13. Чешка (Пума) – 2.500.000
14. Шведска (Адидас) – 2.000.000
15. Хрватска (Најк) – 2.000.000
16. Швајцарија (Пума) – 2.000.000
17. Данска (Хумел) – 2.000.000
18. Велс (Адидас) – 1.500.000
19. Украина (Јома) – 1.500.000
20. Австрија (Пума) – 1.300.000
21. Финска (Најк) – 1.000.000
22. Словачка (Најк) – 1.000.000
23. Унгарија (Адидас) – 1.000.000
24. Македонија (Јако) – 500.000