,,Ер Канада,, цел на крадци – Иако бил дома, остана без мини богатство!

Loading

Легендарниот НБА кошаркар и поранешен играч и ѕвезда на Атланта Хоукс и Торонто Репторс, Винс Картер, остана без огромна сума на пари.

Ова беше тензичен викенд за поранешниот кошаркар бидејќи беше жртва на кражба во неговиот дом, а крадците му однесоа 100.000 долари.

,,Ер Канада,, во тој момент бил во куќата, со сопругата Сонди и двете деца. Кога ги слушнале провалниците се сокриле во плакарот каде сопругата повикала полиција, но за жал, провалниците биле брзи и агилни, па избегале пред да стигнат.

Картер е сопственик на пиштолот „Пустински орел“ кој цело време бил со него во плакарот, но за безбедност на неговото семејство не се осмелил на луд начин да се справи со крадците….