Денеска е денот Д за Ибрахимовиќ одлучува каде ќе игра следната сезона!

Loading

Шведската суперѕвезда Златан Ибрахимовиќ денеска ќе соопшти каде ќе ја продолжи својата богата кариера.

ibra

Златан по завршувањето на сезоната се збогуваше со ПСЖ и сега фудбалскиот свет е во исчекување на неговата одлука.

Новиот клуб Ибра веќе го избрал, а името на новиот клуб ќе го објави денеска.

„Ќе откријам на 7-ми Јуни. Тоа ќе биде вистинска бомба. Чувството е повеќе од добро. Многу работи ќе се променат по таа новост и се надевам дека и вие ќе уживате“, изјави Златан Ибрахимовиќ.

Се шпекулира дека сигурно популарниот Ибра својата кариера ќе ја продолжи на „Олд Трафорд“ во екипата на Манчестер Јунајтед, но во игра е и неговиот омилен клуб Милан.