Шведската суперѕвезда Златан Ибрахимовиќ денеска ќе соопшти каде ќе ја продолжи својата богата кариера.
Златан по завршувањето на сезоната се збогуваше со ПСЖ и сега фудбалскиот свет е во исчекување на неговата одлука.
Новиот клуб Ибра веќе го избрал, а името на новиот клуб ќе го објави денеска.
„Ќе откријам на 7-ми Јуни. Тоа ќе биде вистинска бомба. Чувството е повеќе од добро. Многу работи ќе се променат по таа новост и се надевам дека и вие ќе уживате“, изјави Златан Ибрахимовиќ.
Се шпекулира дека сигурно популарниот Ибра својата кариера ќе ја продолжи на „Олд Трафорд“ во екипата на Манчестер Јунајтед, но во игра е и неговиот омилен клуб Милан.