Бразилецот Дани Алвеш замина од Барселона и потпиша двегодишен договор со италијански Јувентус.
Алвеш е второто засилување за старата дама во преодниот рок, откако минатата недела во клубот, за сума од 32 милиони евра, пристигна Миралем Пјаниќ од Рома.
Алвеш, како слободен играч, по 8 години реши да ја напушти Барселона, со која ги освои сите титули во клупскиот фудбал.
Триесет и тригодишниот десен бек, за Барса одиграл 247 лигашки натпревари, а со клубот освои преку 20 трофеи, од кои три во Лигата на шампионите.
Алвеш го одбра дресот со број 23 во чест на Леброн Џејмс од нба тимот на Кливленд Кавалирс.