Дали е можно? УЕФА го враќа во клупа тренерот кој освоил 21 трофеј во кариерата!

Еден од најуспешните тренери во историјата на фудбалот, искусниот италијански стручњак Карло Анчелоти ќе мора да се врати на „училишна клупа“.

Тренерската лиценца на Анџелоти му истече на 31 декември, а УЕФА му испрати предупредувачко писмо на 62-годишниот Италијанец дека мора да го положи тренерскиот испит за да му биде продолжена лиценцата.

Човекот кој три пати ја освоил Лигата на шампионите и бил шампион во Италија, Англија, Шпанија, Германија и Франција (вкупно 21 трофеј), мора да положи испит за да го води Реал Мадрид?! Бизарно, нели…

Фото: Clive Mason/Getty Images)

Фудбалскиот сојуз на Шпанија веднаш и предложи на УЕФА дека тестирањето на Анџелоти е луда идеја. УЕФА се уште не одговорила…