Весникот „Мундо Депортиво“ најави неверојатен трансфер во јануари.
Кристијано Роналдо е несреќен во Манчестер Јунајтед и сака да го напушти клубот! Негов избор е Барселона, и е подготвен да се пресели во јануари.
Сензационалната вест денеска ја објави весникот „Мундо Депортиво“. Весникот пријателски настроен кон Барселона пишува дека Португалецот е незадоволен од ситуацијата во соблекувалната на Манчестер Јунајтед и неговиот статус со тренерот Ралф Рангник, но и од клубот воопшто, каде ништо не е како порано, кога менаџер беше Сер Алекс Фергусон.
⚠ ¡Cristiano Ronaldo se ofrece al Barça!
👉 El portugués no está a gusto en Manchester y ha contactado con Xavi a través de Piqué, mientras Jorge Mendes ya negocia con Laportahttps://t.co/CeqL40yBcd pic.twitter.com/fnYuwYPZlt
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) December 28, 2021
Наводно, Кристијано Роналдо и се понудил на Барселона и изразил желба да дојде во каталонскиот клуб оваа зима. Според истите извори, менаџерот на Роналдо, Жорж Мендез веќе преговара за договор со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, бидејќи тренерот Чави го одобрил трансферот.
Сепак, Барселона е во голем недостиг на пари и невозможно е да се плати отштета за Кристијано Роналдо, па неговото доаѓање е можно само доколку Португалецот го раскине договорот.
Весникот „Мундо Депортиво“ понатаму пишува дека Жерар Пике е вмешан во целата приказна и дека дури и го контактирал Лео Меси за да види дали има шанси Кристијано Роналдо да живее со семејството во неговата вила додека играше за Барселона!
А што е проблемот со целата приказна на весникот од Барселона? Имено, денес „Dia de los Inocentes“ е познат во Шпанија и земјите од Латинска Америка како ден за големи шеги.
Ова е нивната верзија на нашиот 1 април …