Чао Милано, Чао Интер, Чао Италија – Белгиецот експресно се враќа во Лондон!

Loading

Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку на крајот на сезоната ќе се врати во Челзи од позајмицата во Интер, без разлика на играта што ќе ја прикаже во италијанскиот тим.

фото: Getty Images

Лукаку минатото лето се врати во Интер на едногодишна позајмица, само една година откако премина во Челзи од миланскиот клуб.

Напаѓачот не се снајде најдобро на Стемфорд Бриџ, а продолжи да покажува лоша форма во Интер, за кој на 18 натпревари постигна пет гола.

Лукаку изјави дека нема намера да се врати во Лондон, но извршниот директор на Интер, Марота не мисли така.

,,Позајмицата е за една сезона, па на 30 јуни, како и да игра, ќе се врати во Челзи“, изјави Марота за Sky Italia.

“Ова беше сезона без преседан, секако мислам на Светското првенство. Лукаку не се врати во физичката форма што му е потребна за да игра најдобар фудбал. Тој сè уште не е во најдоброто ниво или играчот што го гледавме во претходните години”. додаде тој.