Младиот бразилски напаѓач Габриел Јесус е новото засилување на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити.
Тој важи за еден од најголемите таленти на бразилскиот фудбал, а меѓу ‘граѓаните’ доаѓа од Палмеирас за цена од 30 милиони евра отштета, чиј дрес го носеше од 2013 година.
„Манчестер Сити е еден од најголемите клубови на светот, а уште повеќе ме радува што ќе ме тренира Пеп Гвардиола“, рече младиот Бразилец.
Јесус минатата сезона во 30 настапи постигна 19 голови, додека како помлад, на 48 меча постигна 54 голови.
Тој е добар пријател на Нејмар, кој се обидел да го наговори да дојде во Барселона, но Сити бил побрз.
Јесус е петтото засилување што Гвардиола го донесе на Етихад. Редовите на Сити ги засилија Лирој Сане од Шалке, Илкај Гундоган од Борусија Дормунд, Нолито од Селта, како и Зинченко од Уфа.
Манчестер сити потроши 130 милиони евра за овие играчи.