ВИДЕО: Доби ужасна повреда на лицето – Не му помогна ниту маската!

Фудбалерот на Беневенто и поранешен Б-репрезентативец на Италија пред неколку месеци ја промени државата во која настапува.

фото: INSTAGRAM/GIANLUCA_LAPADULA_OFFICIAL/TWITTER/RODRIGO_10_GOL/PRINTSCREEN

Поради јужноамериканското потекло Џанлука Лападула (31) се согласи да игра за Перу, а потоа направи гаф кој многумина ги насмеа.

Неговиот мандат во репрезентацијата е многу добар, бидејќи Перуанците одиграа забележителна улога во финалето на Копа Америка, но вестите што сега доаѓаат од Јужна Америка не се за фудбал.

Станува збор за повредата на Лападула, кој мечот против Колумбија го одигра со заштитна маска на лицето.

Иако имаше некаков штит, Лападула при еден воздушен дуел доби силен удар во лицето. Низ маската почна да тече крв, а кога беше извадена заштитната опрема глетката не беше баш пријатна.

Носот на перуанскиот напаѓач ја промени формата, што јасно се гледа на фотографијата што ја сподели од соблекувалната. Маската ја носеше поради претходно добиениот удар, а сега изгледа дека има две причини за тоа. И Џанлука ќе мора да се појави „маскиран“ во Серија Б.

Инаку, Лападула е роден во Торино од татко Италијанец и мајка Перуанка, а бидејќи немаше шанси да игра за сениорскиот тим на Италија, реши да ја прифати поканата од Перу.

Погледнете го моментот на повреда: