Тениските репрезентации на Белгија и Велика Британија ќе играат во големото финале на тенискиот Дејвис куп.
Бегијците, во Брисел, славеа со 3:2 над Аргентина, а решавачкиот поен го освои Стив Дарсис кој со 3:1 во сетови го победи Федерик Делбонис.
Белгија последен пат во финалето на Девис купот играла пред 111 години, односно во 1904 година.
Противник на Белгија во финалето ќе и биде репрезентацијата на Велика Британија, која предводена од Енди Мареј со 3:2 славеше над Австралија.
Херој на Британците, во полуфиналето чиј домаќин беше Глазгов, беше Енди Мареј, кој ги донесе сите поени за својата репрезентација.
Решавачката победа Мареј ја забележа над Бернард Томиќ со 3-0 во сетови 7:5, 6:3, 6:2.
Финалето на Дејвис купот ќе се игра од 27 до 29 ноември, а домаќин ќе биде Белгија.