Барселона поведе со 1-0 против Реал Мадрид, Перпероглу херој во првиот финален меч!

Loading

Во кошаркарскиот шампионат на Шпанија започна големото финале или Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид.

барселона-реал мадрид

Уште на првиот натпревар се случуваше вистинска драма. Каталонците буквално со звукот на сирената славеа победа од 100-99 и поведоа со 1-0 во победи.

Барселона веќе на средината од првата четвртина имаше 10 поени предност 14-4, но Реал Мадрид не се предаде.

перпероглу

Одиграа многу подобри во завршниот дел од последната четвртина. Каталонците водеа во текот на целата втора четвртина, а предноста се држеше се до крајот на последните мигови пред полувремето, кога Реал погоди тројка за водство од 48-47.

Интересна беше завршницата од овој меч. Во последните 14 секунди Реал со поените на Ајон, дојде до водство од 99-98, но сепак, Перпероглу во последната секунда погоди за победа на Барселона.

Џастин Доелман за Барселона уфрли 19 поени, а Перпероглу постигна 16, додека на другата страна, Џејси Керол уфрли 21 поени.

перпероглу1

Вториот меч се игра во Мадрид вечерва од 19 часот.