Барселона ја најде замената на Нејмар со нов бразилец кој доаѓа од Кина (фото)

Според светските медиуми, Барселона ја најде замената за Нејмар во името на 29 годишниот Паулињо.

Бразилскиот репрезентативец од понеделник станува нов играч на каталонскиот клуб. Тој доаѓа од Кина, од тимот на Гуангжу Евергранде.

Откако стана јасно дека Барселона неможе да го задржи Нејмар во тимот, тргна во потрага по нов напаѓач.

Kинескиот клуб ги одби првите две понуди на Барселона. Денеска на големо изненадување, трансферот е договорен за 40 милиони евра.

Сега се очекува само официјална потврда, а медумите тврдат дека Паулињо во наредните денови ќе пристигне во Барселона и ќе потпише 4-годишен договор.