AUS Open 2016: Мажите сигурни, кај дамите елиминирани се Ивановиќ и Мугуруза!

Loading

На Австралија опен продолжија натпреварите од 3.коло во машка и женска конкуренција.

australian-open2016

Кај мажите фаворитите стигнаа до победи и обезбедија место во 4.коло и осминафиналето, а Енди Мареј го загуби првиот сет на годинешното издание на Грен слемот во Мелбурн, но успеа да се пласира во осминафиналето.

Шкотланѓанецот го совлада Жоао Соуса од Португалија со 3:1, а максимално во три сета осминафинале избори и Стен Вавринка во дуелот со Лукаш Росол. Швајцарецот во наредната рунда го чека Милош Раониќ, кој исто така во три сета славеше над Виктор Троицки.

Три сета за пласман во осминафиналето одиграа Давид Ферер против Стив Џонсон, односно Гаел Монфилс против Стефан Роберт.

Во четири сета третото коло го минаа Џон Изнер во дуелот со Фелисијано Лопез и Андреј Кузњецов во дуелот со Дуди Села.

Кај дамите Ана Ивановиќ го заврши учеството на Австралија Опен со поразот од Медисон Кис сп 2-1. Американката победи со пресврт 4:6, 6:4, 6:4 по речиси 2,5 часа игра.

Турнирот заврши и за третата носителка Шпанката Гарбине Мугуруса, која во два сета загуби од Барбара Стрицова која го направи изненадувањето на денот со 6:2, 6:3.

Третото коло кај дамите во два сета го минаа Азаренка, Конта, Макарова и Бек.