Астон Вила има нов менаџер, французинот Реми Гард го замени Шервуд

Loading

Францускиот фудбалски стручњак Реми Гард е нов менаџер на премиерлигашот Астон Вила.

garde1

Гард потпиша договор до јуни 2019 година, а на клупата на Астон Вила го наследи Тим Шервуд, кој поради лошите резултати минатата недела доби отказ.

Гард во кариерата бил тренер само на Олимпик Лион, а изминатата година работеше како консултант на телевизијата Канал плус.

garde2

Астон Вила е последнопласирана на табелата во Премиерлигата со само 4 освоени бодови, од 10 одиграни натпревари, а последниот пораз го доживеа синоќа кога загуби од Тотенхем со 3-1.