Анадолу Ефес се раздели со тренерот Дуда Ивковиќ по поразот од Фенербахче!

Loading

Српскиот кошаркарски стратег Душан Дуда Ивковиќ доби отказ од раковоството на Анадолу Ефес по поразот во дербито од лутиот ривал Фенербахче со 73:69.

ivkovic

,,Сакаме да му се заблагодариме за сé што направи за клубот и му посакуваме успех во понатамошната кариера“, стои во соопштението објавено на клупската интернет страница.

Ивковиќ, Ефес го презеде во јуни 2014 година, кога потпиша двегодишен договор.

duda

Ефес оваа сезона не успеа да се пласира во четвртфиналето во Евролигата, додека во турското првенство се наоѓа на првото место со два бода повеќе од Фенербахче, но поразот од најголемиот ривал беше клучен за отказот на Дуда.