Алексеј Швед од Русија е најплатениот играч во кошаркарската Евролига со годишна плата од 3,4 милиони евра.
Зад играчот на руски Химки на на второто место на најплатени европски кошаркари се најде Шпанецот Руди Фенандез од Реал со годишна плата од 2,8 милиони евра, а трет е Англичанецот Џоел Фриленд кој од ЦСКА прима 2,7 милиони евра.
Легендата на Олимпијакос, Василис Спанулис заработува 2,6 милиони евра.
По него, со плата од 2,5 милиони евра следат Србите Ненад Крстиќ од Анадолу Ефес и Милош Теодосиќ од ЦСКА Москва и Шпанците Хуан Карлос Наваро и Серхио Љуљ од Реал Мадрид.
Во првите десет се најдоа и Тајриз Рајс од Химки со 2,3 милиони евра, и Јан Весели од Фенербахче со плата од 2,2 милиони евра.
Поранешниот капитен на македонската репрезентација Перо Антиќ, во Фенербахче игра за годишна плата од 1,2 милиони евра и тоа го става на 32. позиција.
Антиќ е доведен како големо засилување. Тој во изминатите две години беше дел од НБА клубот на Атланта Хокс, каде што остави мошне позитивен учинок.