Италијанскиот куп го доби првиот финалист во името на италијанскиот гигант Милан кој прв обезбеди пласман.
„Росонерите“ пред својата публика славеа убедлива победа со 5:0 против Алесандрија во реванш натпреварот од полуфиналето и со вкупно 6:0 се пласираа во големото финале.
Два гола постигна повратникот во тимот Жереми Мендез во 20 и 39 минута, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Алесио Ромањоли во 24, Роберто Сабато со автогол во 80.минута и Марио Балотели во 89 минута.
Но кој ќе биде противник на Милан во борбата за трофејот во купот ќе дознаеме вечерва по реваншот дуелот на Сан Сиро помеѓу Интер и Јувентус каде старата дама од првиот дуел во Торино има предност од 3:0.
Погледнете ја петардата на Милан…