Видео: Словенецот Петер Превц е победник на новогодишната турнеја четири скокалници!

Loading

Словенецот Петер Превц победи на 64-то издание на Новогишната турнеја, 4 скокалници што предмалку заврши во Бишофсхофен.

Peter-Prevc

Најголемиот фаворит за титулата за вкупна победа во ова натпреварување славеше и на последната скокалница во германски Бишосхофен со скоковите од 139 и 142,5 метри.

Зад него се пласираа Зеверин Фројнд од Германија со скокови од 136 и 141 метри и Австриецот Михаел Хајбек со скокнати 134 и 139 метри.

„Ова е еден од најсреќните денови во мојот живот. Среќен сум бидејќи видов многу знамиња на Словенија во публиката, не очекував дека вака добро ќе се заврши“, изјави новиот шампион на турнејата Превц кој новогодишната турнеја ја заврши со три победи во Гармиш, Инсбрук, Бишосхофен.

Само на првиот натпревар во Оберсдорф беше трет и освои 1.139 бодови. Зад Превц е Фројнд со 113 бодови помалку, а трет е Хајбек со 1.082 бода.

Петер Превц е првиот Словенец по Примож Петерка кој ја освоил Новогодишната турнеја, а на Петерка тоа му појде во 1997 година.

Погледнете како Превц стигна до победата….