Во лигата на шампионите се комплетираа првите средби од осминафиналето.
Манчестер Сити е на чекор од пласман во четвртфиналето, додека ПСВ и Атлетико во реваншот ќе влезат со почетниот резултат 0:0.
Сити со победата во Киев од 3:1 го направи само формалност осминафиналниот реванш.
Динамо подобро влезе во мечот, а Сити од првата акција успеа да го отвори резултатот, преку Агуеро во 15.минута.
Во 40.минута, совршена акција изведоа Агуеро и Стрелниг, кој нафрли на втората статива каде Силва мирно реализираше за 0-2.
Динамо агресивно го започна вториот дел и таа инцијатива им донесе гол во 59.минута, кога Бијалкиј со мала помош на Отаменди го совлада Харт за 1-2.
До крајот Јаја Туре во 90.минута постигна брилијантен гол за конечни 1-3 и мирен реванш за две недели.
Во Ајндховен ПСВ во првиот дел ја контролираше играта, но Атлетико промаши две чисти шанси за гол. Вијето во четвртата минута, излезе сам пред Зут, успеа да го префрли, но Брума од гол линијата ја исфрли топката во поле.
Во 30.минута, Коке го исфрли Гризман пред Зут, но овој пат голманот на ПСВ спречи гол.
Две минути подоцна ПСВ преку Препер ја имаше единствената вистинска шанса, но ударот на играчот на ПСВ од 7-8 метри го одбрани Облак.
Во второто полувреме Атлетико од 68.минута имаше и играч повеќе, откако Переиро го доби вториот жолт картон, но ‘јорганџиите’ до крајот не создадоа конкретна шанса за гол.
Реванш натпреварите во Манчестер и Мадрид се играат на 15.март.