Победничката серија од 24 победи на кошаркарите на Голден Стејт Вориорс конечно заврши во Милвоки, каде тимот на Џејсон Кид славеше победа над актуелниот шампион со 108:95.
Милвоки го предводеа Грег Монро со 28 поени, 11 скокови, Џабари Паркер со 19 поени, 8 скокови и О Џеј Мејо со 18 поени, а Јанис Антетокумпо стана најмладиот играч во историјата на Милвоки кој забележал ‘трип дабл’, учинок од 11 поени, 12 скока и 10 асистенции.
Голден Стејт го предводеше Стеф Кари со 28 поени, 7 скокови, 5 асистенции, а Дрејмонд Грин запиша 24 поени, 11 скокови.
Голден Стејт сепак постави апсолутен рекорд во НБА лигата, го надмина претходното најдобро остварување на Хјустон од 16 победи, а исто така го израмни второто најдобро остварување на последователни победи.
Вориорси се израмнија со Мајами од сезоната 2012/2013 со 28 победи, додека први на оваа листа се ЛА Лејкерс од сезоната 1971/1972 со 33 победи по ред.