Хамилтон и Розберг ќе почекаат на нови договори со Ф1 тимот на Мерцедес

Возачите на шампионскиот Ф1 тим Мерцедес, Луис Хамилтон и Нико Розберг нема да добијат нови договори пред летото.

IWC NEW AMBASSAORS HAMILTON ROSBERG

Ова го изјави директор на Формула 1 тимот на Мерцедес, Тото Волф, а најповеќе се однесува на Нико Розберг кому на крајот од 2016 година му истекува актуелниот договор.

Волф ги предупреди Розберг и Луис Хамилтон дека може да ги загубат своите работни места, ако со нивното ривалство продолжуваат да му наштетуваат на тимот.

– Ќе видиме што ќе се случи. Постојат одредени клаузули околу договорот на Хамилтон, како и со сите други членови на тимот. На пример, некои се поврзани со однесување кое може да му наштети на компанијата, рече првиот човек на Мерцедес Ф1, Волф.

Ф1 тимот на Мерцедес доминираше минатата сезона, а Хамилтон втора година по ред стана светски шампион во Формула 1.