Србинот Новак Џоковиќ и Белорусинката Викторија Азаренка се победници на тенискиот мастерс турнир од серијата 1000 во Индијан Велс.
Џоковиќ го совлада во финалето Милош Раониќ од Канада без многу проблеми со 6:2 и 6:0 во сетови.
Ова за него е рекорден петти триумф во Индијан Велс или вкупно 27 титула на Мастерс 1000 турнирите со што се изедначи со Рафаел Надал, кого го победи во полуфиналето.
Во женското финале Азаренка направи изненадување со победата над најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс со 2:0 во сетови на двапати по 6:4.
Азаренка ја освои својата 18.титула во кариерата, а втора оваа година. Серена Вилијамс го забележа четвртиот пораз од Азаренка во 21 меч.
Белоруската тенисерка со овој триумф ќе се врати меѓу најдобрите 10 на ВТА листата и се наоѓа на 8-то место.