Фудбалската репрезентација на Македонија по кој знае кој пат повторно ја разочата фудбалската јавност во државата откако на арената Филип 2 доживеа нов пораз и од Бугарија од 2-0 во пријателски натпревар.
Македонските репрезентативци го запишаа третиот пораз по ред сите во пријателски натпревари, а она што особено загрижува е што во тие порази „црвено-жолтите“ не постигнаа ниту еден гол.
И дуелот со Бугарија покажа дека новиот селектор Игор Ангеловски го очекува тешка работа, во пресрет на стартот на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство 2018 во Русија.
Македонските репрезентативци против Бугарија подобро делуваа во првото полувреме, кога повеќе ја имаа топката во свој посед и кога создадоа неколку добри шанси за гол.
Најдобрата можност ја имаше Шиков кој во 25. минута ја погоди гредата на бугарската репрезентација.
Бугарите во вториот дел добро ги затворија приодите кон својот гол, шансите ги бараа преку брзи акции, а една таква во 66. минута ја круниса со гол Рангелов за 0-1.
Потоа селекторот Ангеловски направи четири измени, темпото на играта значително падна, а во финишот Бугарите постигнаа уште еден гол, стрелец беше Тонев во 84. минута.
Напаѓачот на Бугарија нецели две минути претходно влезе во игра на местото на Марселињо.
Дали овие два порази по ред ќе значат нов пад на Македонија на ФИФА листата останува да видиме и да почекаме уште неколку дена!