Вердер и Дортмунд први обезбедија 1/2 финале во Германскиот куп!

Loading

Куп натпревари се играа и во Германија каде во полуфиналето пласман остварија фудбалерите на Вердер Бремен и Борусија Дортмунд.

bayer-werder

 

Тие во четвртфиналето стигнаа до гостински победи во Леверкузен, односно Штутгарт.

Вердер направи големо изнендување со елиминацијата на Баер Леверкузен. Гостите од Бремен победија со 3:1, а работата во четврфиналето им ја олесни Вендел, кој во 42.минута доби црвен картон.

Чичарито постигна гол за Баер, а потоа Вердер направи целосен пресврт со головите на Гарсија, Пизаро од пенал и Грилиќ.

Иста победа забележа и Борусија Дортмунд во Штутгарт, а головите за ’милионерите’ ги постигнаа Ројс, Обамејанг и Мхитаријан во самиот финиш на натпреварот, додека стрелец за домаќинот беше Руп.

stuttgart-dortmund

Останатите четвртфинални средби се играат денеска, а се среќаваат Хофенхајм-Херта и Бохум-Баерн Минхен.