Поради испразнетото место на функцијата генерален секретар на УЕФА, европската куќа на фудбалот потврди дека гркот Теодор Теодорис ќе го замени Џани Инфантино на ова место.
Џани Инфантино, беше избран за нов претседател на ФИФА, поради што УЕФА експресно назначи негов заменик.
Теодорис претходно беше првиот заменик на Инфантино, а функцијата ќе ја обавува се до изборите во УЕФА, кои дополнително ќе бидат закажани, поради суспензијата на Платини кој доби шестгодишна забрана за работа во фудбалот поради коруптивен скандал.