Кои се целите на Милан во оваа сезона?

Loading

Милан за противник во финалето на Италијанскиот куп ќе го има вечниот ривал, Јувентус, а тој дуел ќе биде одигран на 21 мај на “Олимпико” во Рим.

milan presidente

Сопственикот на калчо гигантот Милан, Силвио Берлускони изјави дека е задоволен од пласманот на неговиот тим во финалниот натпревар од Купот и додаде дека неговите фудбалери имаат сила да го освојат овој трофеј по пауза од 13 години.

,,Можеме да стигнеме до трофејот кој го немаме освоено цели 13 години. Јас верувам во играчите кои направија добра работа со пласманот во финалето и сега треба да го направат уште последниот чекор.

,,Но, да не заборавиме, Милан сезонава ја почна со амбиции за пласман во елитното натпреварување, а за да учествуваме во Лигата на шампионите треба да сме најмалку трети.

,,Ќе се обидеме да ја оствариме и таа цел”, изјави Силвио.

Милан моментално се наоѓа на 6-тата позиција на табелата во Калчото со 6 бода заостанување зад Рома која е на третото место.