Добри вести за ЖРК Вардар, останува и Андреа Кликовац!

Loading

Столбот на одбраната на македонскиот ракометен шампион ЖРК Вардар, Андреа Кликовац и наредната сезона ќе биде дел од цвено – црното семејство.

klikovac

Освен црногорската репрезентативка, претходно нови договори со тимот постигнаа уште крилото Јованка Радичевиќ, голманката Амандин Лејно, пикерот Ања Алтхаус и бековите Андреа Пенезиќ и Барбара Лазовиќ.

Од екипата заминуваат Сираба Дембеле, Олга Черноиваненко, Маја Сокач и Итана Грбиќ, а сеуште не е дефиниран статусот на Лекиќ и Суслина.

Нови ракометарки од следната сезона, кои официјално се потврдени се Лакрабер и Херем.