ЦСКА Москва му зема мерка на шампионот Реал Мадрид со 96-87 во Евролигата!

Loading

Само 1 натпревар од 9 коло се одигра во кошаркарската Евролига.

real-cska

Во Мадрид, тимот на ЦСКА Москва го совлада актуелниот шампион Реал со 96:87.

Хајнс со 16 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, пред Теодосиќ со 12, а ЦСКА славеше и покрај очајното издание на Нандо де Коло, кој постигна само 5 поени.

Кај Реал Мадрид најпрецизни беа Родригез, Рејес и Ајон со по 12 поени.

За денеска закажани се четири натпревари: Химки-Барселона, Цедевита-Дарушафака, Анадолу Ефес-Локомотив Кубан и Уникаха-Панатинаикос.

Останатите 3 средби од 9.коло од ТОП 16 ќе се одиграат утре, а ќе се сретнат: Жалгирис-Бросе Баскет, Фенербахче-Црвена Звезда и Олимпијакос-Лаборал Куча.

Инсерти од дербито во Мадрид…