Ни нагоре, ни надолу, Македонија закована на 138-то место на ФИФА листата

Loading

Македонската фудбалска репрезентација на најновото рангирање на ФИФА листата остана на 138-то место.

makedonija

Најдобро пласирана на мартовското рангирање од нашите противници во квалификациската група за СП 2018 во Русија е Шпанија која е на третото.

Следна е Италија која е 14-та, Албанија е 35-та, Израел 67-ми, а најслаб пласман има Луксембург на 142-то место.

Нема промени ниту во ТОП 10 на листата, каде води Белгија пред Аргентина и Шпанија, а по нив следуваат: Германија, Чиле, Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија.

Следното рангирање, ФИФА ќе го изврши на 7 април.