Луис Суарез доби суспензија од две средби, поради инцидентот кој го предизвика по завршувањето на првиот осминафинален натпревар во Купот на Кралот, против градскиот ривал Еспањол.
Мечот заврши со победа на Барселона со 4:1, а го одбележа грубата игра на фудбалерите на Еспањол, каде главниот судија покажа 12 жолти и 2 црвени картони за гостинските играчи.
Суарез по завршувањето на мечот ги чекал играчите на Еспањол со намера и физички да се пресмета со некој од нив, а главниот судија нотирал дека тој ги навредувал играчите на Еспањол.
„Вие сте гомна, ве чекаме тука“, зборел Суарез по мечот, стои во судискиот извештај.
Каталонскиот клуб најави дека ќе ја обжали оваа одлука на Дисциплинската комисија на Шпанската Примера.