Изминатиот викенд започна новата 2016 сезона во Формула 1 шампионатот.
Како што заврши така и започна со победа на возачот на Мерцедес, Нико Розберг за Големата награда на Австралија.
За Германецот ова беше 15-та победа во кариерата. На второто место заврши Луис Хамилтон за „еден-два“ победа на Мерцедес.
На победничкиот подиум место обезбеди и Себастијан Фетел од Ферари кој имаше шанса за подобар пласман со оглед на добриот старт, но грешката на механичарите од неговиот тим во боксот беше причина да му ја отстапи водечката позиција на Розберг кој остана до крајот на првото место.
Бодови во Мелбурн уште освоија и: Даниел Рикардо, Фелипе Маса, Роман Грожан, Нико Хулкенберг, Валтери Ботас, Карлос Саинц и Макс Верстапен.
За одбележување е и инцидентот на Фернандо Алонсо и Гутиерез кој удри во заштитната ограда по што неговиот болид изврте и се запали, но тој за среќа мина без повреди.
Следната трка во Шампионатот во Формула 1 ќе се вози на 3 април за Големата награда на Бахреин.