Видео: Далас по продолженија подобар од Портланд, Торонто во чекор со Кливленд!

Loading

Во НБА лигата се одиграа 6 натпревари.

nbafanmap

Во дербито на западот Далас го победи Портланд со 132:120, по едно продолжение.

Германецот Дирк Новицки постигна 40 поени додека Вилијамс мечот го заврши со 31 поен и 16 асистенции. Портланд го предводеа Лилард со 26, Крејб со 24 и Меколум со 22 поени.

Торонто на домашен терен го победи Орландо со 105-100. Најпрецизни кај победничката екипа беа ДеМар ДеРозан со 25 поени и Луис Скола со 20.

Торонто решавачката предност ја направи во последната четвртина кога успеа ривалот да го „задржи“ на помалку од 20 поени.

Во другите средби Њу Орлеанс-ЛА Клиперс 109:105, Филаделфија-Бостон 105:120, Милвоки-Јута 85:94 и Њујорк-Сакраменто 80:88.

За вечерва предвидени се 9 натпревари.