МЗТ Скопје ќе има лесна задача во вечното градско дерби против Работнички!

Loading

Вечерва не очекува новото вечно градско дерби помеѓу лутите ривали Работнички и МЗТ Скопје во салата Градски парк во рамките на 17. коло од Супер лигата на Македонија.

rab-mzt

Дуелот е трет оваа сезона помеѓу најтрофејните клубови во мак-баскетот, а во досегашните три средби, две во првенството и една во финалето на Суперкупот, шампионот МЗТ Скопје Аеродром забележа 3 победи и ја оправда улогата на фаворит.

Kако и секогаш во вечното дерби, фаворитот не секогаш стигнувал до триумф, поради тоа што во вакви дуели пред полни трибини, инспирацијата и мотивираноста кај кошаркарите е на многу повисоко ново од вообичаеното.

Работнички и на овој натпревар ќе атакува на првата победа оваа сезона со лутиот ривал се разбира со поддршка од своите навивачи, а МЗТ Скопје исто така ќе атакува на победа и задржување на 100% учинок против Работнички оваа сезона.

rabotnichkimzt-640x360

Натпреварот се игра од 19 часот.