Македонскиот ракометен шампион ЖРК Вардар од следната сезона ќе биде засилена со уште една словенечка интернационалка, во името на Тамара Мавсар.
Тамара треба да пристигне од редовите на Крим Електра, а словенката ќе потпише двегодишен договор со „црвено-црните”.
Таа ќе игра на позицијата лево крило, а на оваа позиција ЖРК Вардар од идната сезона ќе ја има и норвежаната Камила Херем.
,, Да, договорив соработка со ЖРК Вардар и ќе бидам во Скопје во наредните две сезони,,
,, Жал ми е што го напуштам Крим, но сакав нов предизвик и верувам дека ја донесов вистинската одлука” изјави 24-годишната Мавсар.
Таа во ЖРК Вардар ќе и се придружи на својата сонародничка, Барбара Лазовиќ Врлец.