Само што се врати, Винсент Компани повторно се повреди!

Loading

Белгиецот кој настапува за Манчестер Сити Винсент Компани, се врати на терените на натпреварот со Сандерленд, но по само 9 минути игра мораше да го напушти теренот бидејќи се здоби со повреда на коленото.

Vincent Kompany

Сити славеше над Сандерленд со 4-1, а Компани по пауза од 8 натпревари поради повреда во игра влезе во 62-та минута каде по само 9 минути падна незгодно и мораше да го напушти теренот, а според последните информации се работи за повреда на десното колено.

Компани е еден од најдобрите одбранбени играчи на Манчестер сити, а оваа сезона играше на 8 натпревари, а неговиот тим за тоа време прими само еден гол.

Но без Компани во тимот, Манчерстер Сити одигра 9 првенствени натпревари на кој тимот прими дури 18 голови.