Пеп во Манчестер Сити ќе заработува повеќе и од Лео Меси

Loading

Пеп Гвардиола наводно го договорил својот трансфер во Манчестер сити на крајот од сезоната и ќе заработува неверојатни 25 милиони годишно, дури повеќе и од Меси во Барселона.

Pep-Guardiola-City

Тренерот во заминување од Баерн во Сити ќе стане најплатениот тренер во светот на сите времиња, а покрај тоа Гвардиола ќе биде повеќе платен и од најплатениот фудбалер на денешницата Лионел Меси, чии примања во Барселона се околу 20 милиони евра.

Клучна личност во трансферот е спортскиот директор на „граѓаните“ Чики Бегиристаин кој инаку е близок пријател со Гвардиола уште од времето кога настапуваа во каталонскиот клуб.

Ппеп Гвардиола минатиот викенд потврди дека ова лето, кога ќе му истече тригодишниот договор, ќе го напушти баварскиот гигант, а на негово место веќе потпиша италијанскиот стратег Карло Анчелоти.