Легендарната Монца се спаси… И следната година дел од Ф1 календарот!

Формула 1 патеката за големата награда на Италија ќе остане на календарот во формула 1 шампионатот.

monza

Италијанскиот совет изгласа измена во законот со цел да се осигура опстанокот на трката за Големата награда на Италија во Монца.

Па така со новите измени Автомобилистичкиот клуб на Италија како организатор на настанот ќе може да го користи јавниот профит за финансирање на трката наспроти досегашната пракса истата да ја финансира само клубот од Милано.

Со тоа буџетот се дуплираше од 6.5 милиони на 12.5 милиони евра со што и се осигура иднината на трката.

MONZA (ITALIA) - 09/09/2012 © FOTO ERCOLE COLOMBO

Трката за големата награда на Италија има активен договор уште една година и се најавуваше дека поради финансиските проблеми истата ќе биде повлечена од шампионатот.

До тоа не дојде и сите љубители на легендарната патека Монца ќе можат да уживаат во возбудувањата кои ги носи Ф1 циркусот.