На СП во ракомет за жени што се игра во Данска познати се сите четвртфиналисти, па практично завршницата на СП ќе биде како ЕП, бидејќи сите земји се од Европа.
По Романија, Холандија, Данска и Норвешка, им се приклучија и Франција, Полска, Русија и Црна. Русија и Црна Гора како последни изборија пласман во четвртфиналето на Светското првенство.
Русија ја совлада Јужна Кореја со 30:25, додека Црна Гора беше убедлива во дуелот со Ангола со 38:28.
Во првите два натпревара Франција ја победи Шпанија со гол во последната секунда за 22:21, а Полска беше подобра од Унгарија со 24:23.
На шампионатот вчера беше слободен ден, а четвртфиналните дуели се играат денеска каде се среќаваат Данска-Романија, Холандија-Франција, Норвешка-Црна Гора и Полска-Русија.