Шампионот Франција уште еднаш покажа зошто е апсолутен владетел во ракометот.
Во натпрварот со коцкестите нападот на Франција имаше потполна доминација на теренот, а голманот на Хрватска, Алиловиќ имаше очајни 15 минути без ниту една интервенција.
На спротвината страна Омејер одбрани 6 топки и тоа ја направи разликата во првиот дел, а Никола Карабатиќ повторно ја предводеше Франција до висока предност од 16-10 по првиот дел.
Абало и Лука Карабатиќ го зголемија водството на Франција, а желбата да се вратат во игра ја чинеше Хрватска резултатски дебакл.
По 35 минути игра Франција имаше предност од 19-10, а највисоката предност Франција ја имаше во 38-та минута кога беше 23-12.
Хрватите се доближија на 7 во 57 минута за 30-23, а на крајот резултатот беше 32-24.
Најпрецизен кај французите беше Абало со 6, додека Гигу го следеше со 5 гола, а блескаше Омејер кој заврши со 14 одбрани и 1 гол.
Во моментов се игра вториот натпревар од нашата група кој е важен за нас, каде Полска игра против Норвешка и очекуваме победа на домаќинот.