Видео: МЗТ Скопје до доби трилерот со Крка за 9-та победа во АБА

Loading

Кошаркарите на МЗТ Скопје запишаа нова победа во јадранската АБА лига откако во рамките на 21 коло во  СЦ Јане Сандански ја победија словенечка Крка минимално со 69-67 и ја прекинаа серијата од два порази по ред.

mzt-krka2

МЗТ Скопје лошо стартуваше, гостите ги добија првите 10 минути со 28:20, а во продолжение избраниците на Александар Јончевски негативата до крајот на полувремето ја спуштија на 4 поени, со што на полувреме Крка отиде со предност од 45:41.

Третиот дел беше израмнет, но гостите до добија и тој период со 14-13 и мечот влезе во завршните 10 минути во кои се решаваше победникот. Со тројката на Марко Луковиќ домашниот тим стигна до првото водство на натпреварот од 62:59 во 36 минута и го задржа до крајот на мечот за деветти триумф во АБА лигата.

Ѓорѓе Дреновац одигра одлична партија и со 23 поени го предводеше тимот од Јане Сандански, Марко Луковиќ даде 13, а Дамјан Стојановски 11 коша.

Во спротивниот табор прв стрелец беше Жига Димец со 20 поени.

mzt-krka1 mzt-krka

Следниот натпревар МЗТ Скопје ќе го одигра на гостински терен во Белград, каде на први февруари ќе и гостува на Црвена Звезда.

Погледнете ги најдобрите моменти од мечот во СЦ Јане Сандански…