Римеч со Владимир Клично, е следниот меч на шампионот Фјури!

Loading

Светскиот првак во тешка категорија, Тајсон Фјури, следниот меч во кариерата ќе му биде реваншот со Владимир Кличко.

fjuri-klit

Фјури неодамна изјави дека не знае кој ќе биде неговиот следен противник, но промоторот Хенеси изјави дека Кличко „100 отсто“ ќе биде неговиот следен ривал.

,,Ние ја сакаме таа борба, таа единствена и најважна борба во тешка категорија“, рекол Хенеси.

Промоторот на Тајсон Фјури дополнил дека главна причина за одложувањето на борбата се датумот и местото каде таа ќе се одржи и дека понуди за организација на овој меч стигнале од Германија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и САД.

Фјури минатиот ноември во Диселдорф, со едногласна одлука на судиите, го победи Владимир Кличко и ги презеде шампионските титули во верзиите WBO, WBA и IBF.