Раиконен со Ферари постави најбрзо време на тестот во Барселона

Loading

Финецот Кими Раиконен го постави најбрзото време во досегашниот тек од тестирањето во Барселона, половина секунда пред вториот Нико Хулкенберг.

kimi fast

Откако првиот инсталациски круг го мина со хало заштитата на кокпитот, финецот помина добар дел од сесијата во гаража поради проблем со каблите во неговиот болид.

Но, штом се појави на патеката, црвениот болид веднаш почна со многу брзи кругови, а со поставеното време, Кими го срушу времето на Фетел за 45 илјадитинки.

Макс Верстапен и Торо Росо беа на 4 место, пред Нико Розберг со Мерцедес, кој повторно имаше најмногу кругови на половина од сесијата, дури 81.

Болидот на Мерцедес беше единствен кој не ги проба ултра софт гумите и своите времиња ги постави со софт компонентата.

По него следуваа Зауберот на Наср и Мекларенот на Алонсо, кој имаше солидни 57 кругови за 4 часови возење.

Единствениот инцидент беше на неколку минути пред крајот на кога болидот на Хаас управуван од Роман Грожан застана неподвижен на свиокот број 4.

Дотогаш американците беа доста продуктивни со поминати 58 кругови.