Напаѓачот на Премиерлигашот Лестер, Џејми Варди ќе мора да ги оперира препоните, што значи дека ќе отсуствува од терените 2 недели.
Тој оваа сезона е во неверојатна форма и моментално е лидер меѓу стрелците во Премиерлигата со 15 постигнати голови колку што има и Лукаку од Евертон.
Па така поради операцијата Варди, ќе го пропушти само натпреварот со Тотенхем во ФА купот, а треба да биде во тимот за првенствениот дуел со истиот противник на 13.јануари.
Лестер последните три натпревари ги одигра без постигнат гол, одигра две реми средби, а загуби од Ливерпул.