Фудбалерот на Баерн Минхен, Давид Алаба, го продолжи договорот со клубот до 2021 година.
Австрискиот репрезентативец кој има 23 години, ја минал младинската школа на баварскиот клуб, а дел од првиот тим е од 2010 година, со исклучок на 2011 година кога како позајмен играч настапуваше за Хофенхајм.
За Баерн Минхен, Алаба има одиграно 127 натпревари на кои постигнал 9 голови.
„Горд сум што ќе продолжам да играм за мојот клуб. Пораснав во Баерн, тука доживеав неверојатни моменти“, рекол Алаба.
Со ова дефанзивецот стави крај на гласините дека ќе замине заедно со Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.
Во текот на сезоната Баварците потпишаа нови договори и со други клучни играчи. Тоа се Томас Милер, Жером Боатенг и Хавиер Мартинез, кои ќе се задржат во клубот до 2022, а во тек е продолжувањето на договорот и со голманот Мануел Нојер.