Поради лошите резултати, а и ремите со Рио Аве во последниот натпревар од португалската лига, раководството на Порто му врачи отказ на тренерот Јулен Лопетеги.
Клубот реши да му се заблагодари на соработката на тренерот, поради серијата од три натпревари на кои Порто не успеа да победи.
Лопетеги за речиси две сезони не успеа да освои ниту еден трофеј со португалскиот великан, а стратегот со младинските селекции на Шпанија беше европски првак.
Порто на Лопетеги му беше првата самостојна работа како тренер во клупскиот фудбал.
Наследникот сеуште не се знае, а Порто, во моментов има 37 бодови и го дели второто место со Бенфика, а лидер во Португалија е Спортинг Лисабон со 41 бод.