Петарда на Реал против Ла Коруња на дебито на Зидан!

Loading

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан имаше повеќе од успешно деби на функцијата прв тренер на кралскиот клуб.

zidane-bale

Реал Мадрид со 5-0 ја победи Ла Коруња на Сантијаго Бернабе, а Герет Бејл постигна хет-трик.

Зидан беше дочекан од публиката на Бернабе со голем ентузијазам по заминувањето на Рафа Бенитез и речиси и да не се соочи со никакви проблеми на своето деби.

Бензема го отвори резултатот во 15 минута, па потоа следуваат трите гола на Бејл, а Бензема го постави и конечниот резултат во судиското надополнување.

Хет-трик викендов постигна и Лионел Меси во победата на Барселона од 4:0 над Гранада.