Нова победа на Јувентус со која изби на второто место во Серија А

Loading

Јувентус стигна до гостинска победа вредна нови 3 бода во Серија А, против Самдорија со 2-1 во последниот натпревар од 19.коло што се одигра во Џенова.

sam-juv

Стрелци на головите за старата дама беа Пол Погба во 17 минута и Сами Кедира во 46 минута, а Антонио Касано го постигна единствениот гол за Сампдорија.

Со овие три бода Јувентус се искачи на делба втората позиција на табелата со Интер со по 39 бода, а на врвот е Наполи со 41 освоен бод.