Алесандре Пато е пред враќање во Европа, па се очекува до крајот на овој преоден рок да го засили редовите на англискиот шампион Челзи.
Сините од Стемфорд Бриџ веќе неколку пати беа во Бразил каде преговараа за потписот на Пато, а ако се суди по зборовите на тренерот на Коринтијанс, тој ќе слета во Лондон за неколку дена и ќе потпише договор со клубот.
– Почекајте, за два-три дена сѐ ќе ви биде јасно – изјави стратегот на бразилскиот клуб.
Пато во Челзи треба да заработува 2,5 милиони долари по сезона.